Фолклориот ансамбл „Вила Зора„ е оформен во 1997 година кој пред тоа работеше како Детски фолклорен ансамбл „Бубамари„ кој почнaл со својата работа во тогашиот Пионерски дом „Ѓоре Органџиев„ во 1992 година. Ф.А. Вила Зора од самото формирање учествува на сите културни манифестации во град Велес.
Исто така има учествувано и учествува на повеќе фолклорни фестивали низ Р.Македонија.
Ф.А. Вила Зора има учествувано и на повеќе фестивали во Турција, Грција, Србија,Полска, Романија, Италија, Шпанија, Франција, Грузија, и други во ЕУ.
На повеќе фестивали кои се со натпреварувачки карактер има постигнато значајни резултати. Најзначајна награда е освоеното второ место (Сребрен Ѓердан) на Фестивалот на виното во Дижон-Франција во 2000 година. Исто така ја има добиено и 9 ноемвриската награда на град Велес.